Минатата недела во ракометните кругови се појавија шпекулации дека тимот на Фленсбург наводно планира да го откупи договорот на Матијас Гидсел од Фуксе Берлин во летото 2026 година.
Овие гласини предизвикаа многу дискусии во ракометната јавност, но Боб Ханинг, генералниот директор на Берлин, категорично ги демантираше овие шпекулации.
,,Ова станува смешно. Ако Фленсбург навистина се занимава со такви работи, тогаш веројатно имаат премногу слободно време, бидејќи не учествуваат во Лигата на шампионите. Секој клуб сонува за играч како Матијас Гидсел, но ние имаме долгорочен договор со него до 2028 година. „Немаме намера да се разделиме со него и нема причина Гидсел да го напушти клубот “, изјави Ханинг во интервју за Dyn Sport.
Данецот во редовите на Фуксе Берлин пристигна во сезона 2022/23 од ГОГ, клуб во кој ја започна својата блескава кариера.