Чаир против Скопје ќе се загрева за европските настапи

Екипата на Чаир ќе биде активна и за време на ЕХФ неделата и ќе одигра еден натпревар од Женската лига.

Станува збор за натпреварот од 4 коло во групата А против Скопје, кој е закажан за четврток, 26 септември со почеток во 18:00 часот.

Иако ова коло треба да се игра викендот на 5/6 откомври, тогаш Чаир има настап во Европскиот Куп и гостување кај Керженг од Луксембург, па со мечот против Скопје ќе може да ја одржи формата и да не остане долго време без натпревари пред меѓународните настапи.

Чаир не би требало да има проблеми да ги мине претставникот на Луксембург и да се пласира во третото коло од Европскиот Куп.

Првиот дуел меѓу Чаир и Керженг се игра во Башараж на 5 октомври од 18:00 часот, додека реваншот е во Скопје во салата Автокоманда на 13 октомври од 19:00 часот.