Женската репрезентација на Црна Гора има нова предводничка, а тоа е некогашната репрезентативка Сузана Лазовиќ.
На промоцијата во новата улога, Лазовиќ истакна дека посакува сите ривали на Црна Гора да мразат кога ќе треба да се сочат со нејзините избранички.
„Посакувам секој да мрази да игра против нас. Ако девојките го испочитуваат договорот, никој нема да ни застане на патот. Не се занимавам со минатото, тргнуваме од нула. Имам своја филозофија и стратегија, насочена е во вистински правец и тоа ќе се види веќе на ЕП“, изјави Лазовиќ на промоцијата.
Покрај Лазовиќ, во нејзиниот стручен штаб ќе бидат Игор Марковиќ како асистент, како и Соња Барјактаровиќ која ќе биде задолжена за работа со голманките.
Црна Гора нема да има пријателски средби во оваа ЕХФ недела, туку само ќе тренира, а на ЕП 2024 за ривали во групата ќе ги има Србија, Романија и Чешка.