Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на третото коло во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на третото коло има по една ракометарка од Деспина, Ѓорче Петров и Куманово.
За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.
Женска лига, 3. коло, резултати:
Група А
Скопје – Ѓорче Петров 2 29:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Стружанка 10:0 (службено)
Чаир слоб.
Група Б
Металург Автокоманда – Гевгелија 52:10 (ИЗВЕШТАЈ)
Овче Поле СУ – Куманово 12:33 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер слоб.
Група В
Деспина – Спартак 39:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Ѓорче Петров 22:35 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион слоб.
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 3. КОЛО
Андреа Конеска (Деспина) – Прилепчанката беше најефикасна на натпреварот против Спартак и со осум погодоци го водеше својот тим до првата сезонска победа.
Сара Цветановска (Куманово) – Кружниот напаѓач ја продолжи одличната форма од ланската сезона, погоди десет пати на гостувањето во Свети Николе и одигра одлично и во одбраната.
Катерина Дамјановска (Ѓорче Петров) – Членката на „лавиците“ беше расположена во градската пресметка со Вардар, имаше девет реализации во мрежата на „црвено-црните“.