Драмата во Кавадарци за Драма – Тиквеш е елиминиран од еврокуповите

Втора сезона по ред Тиквеш се сопнува на првата пречка во европските купови, а овојпат грчка Драма го елиминира нашиот тим од Европскиот куп. На реваншот во Кавадарци Тиквеше извади само реми, 26-26 (12-13) недоволно да се израдуваа на минување во следното коло. Лани Тиквеш барем победи на домашен терен, сега стигна само до реми.

Имаше Тиквеш предност и до „плус 4′ во вториот дел, ама не успеаја да ја минат границата од пет гола колку што им требаше. Останаа на таа „четворка“, а во самата завршница не го дадоа завршниот удар, па Грците добија можност да се вратат во игра, па дури да останат ни непоразени и да се радуваат.

Во 54 минута Темелковски зголеми на 24-20, што беше нова надеж дека може да се стигнат петте гола. Но, наместо дополнителен гас, кавадарчани застанаа, а Драма ги искористи шансите да се врати пак во игра, па дури и да намали, со што си направи пат кон следното коло.

Две различни полувремиња одигра Тиквеш. Второто олдично, но без да се зададе завршниот удар, и првото во кое беа бледа сенка од она што навистина с, и заминаа со негатива од 12-13 на одмор. Иако се вратија во игра, не делуваа како тим кој има сили да направи целосен пресврт.

Мартин Димовски даде седум гола за Тиквеш, а четири неговиот соиграч Евгениј Темелкоски. Кај гостите, Константинос Концонис даде 8 гола.