Ракометната федерација на Малта на гала свеченост ги прогласи најдобрите ракометари и ракометарки за минатата сезона.
Двете македонски интернационалки Драгица Митрова и Бети Петковска беа дел од идеалниот тим во женска конкуренција.
Поранешната репрезентативка Митрова, беше прогласена за најдобар среден бек и за најкорисна ракометарка на првенството за минатата сезона, односно МВП.
Таа е членка на тимот на Феникс, кој направи историски резултат и успеа да мине едно коло во Европскиот Куп.
Петковска, која е членка на Ла Сал, беше избрана од федерацијата на Малта за најдобар кружен напаѓач.