Извршниот Комитет на Европската ракометна федерација ги потврди апликациите за организација на машките и женските сениорски Европски првенство во 2030 и 2032 година.
Иако по објавувањето на повикот за пријава за домаќинство, имаше голем интерес од страна на повеќе федерации, ЕХФ во јуни потврди по две кандидатури кај мажите и по една кај жените, а по извршената инспекција кај евентуалните домаќини, беа отфрлени уште две.
За машкото ЕП 2030 во конкуренција се Хрватска, како и заедничката кандидатура на Чешка, Полска и Данска.
За следното ЕП две години подоцна, покрај поединечната кандидатура на Хрватска, заинтересирани се уште и Германија и Франција со заедничка, додека отфрлена е онаа на Турција.
Кај мажите е скоро јасно дека Хрватите ќе добијат за организација едно од двете за кои се имаат пријавено.
За женското ЕП 2030 година кандидатура имаше само Турција, но таа не е прифатена, па ЕХФ ќе има уште еден повик за евентуален домаќин или домаќини на овој собир. За континенталниот шампионат во 2032 година заедничка кандидатура пријавија Германија, Данска и Полска, и јасно е дека тие ќе го добијат домаќинството.
Домаќините на ЕП 2030 и 2032 ќе бидат потврдени во декември за време на финалниот викенд од женското ЕП 2024.
Европско првенство, 2030 и 2032 година:
ЕП 2030 мажи, 10 јануари – 27 јануари
ЕП 2030 жени, 28 ноември – 15 декември
ЕП 2032 мажи, 15 јануари – 1 февруари
ЕП 2032 жени, 2 декември – 19 декември