Во најинтересниот меч од 3. коло на машката Супер лига, два скопски клуба имаа дуел во Бутел, каде домаќинот се поднови со нова „герфлор“ подлога. „Постариот“ клуб полека создава одлични услови за своите ракометари за тренирање и играње, но не можеше да се спротистави на тимот од Автокоманда кој триумфално се врати дома со победа од 34-27 (19-13).
Израмнето во играта некаде до средината на првото полувреме по што гостите ја презедоа иницијативата и водството. Откако Бутел намали на 11-12 потоа набрзина дозволи да прими дузина голови, па на полувреме гостите имаа водство од 19-13.
Во второто полувреме Бутел успеа само двапати да дојде до „минус 3“, ама тоа изгледаше само како заплашување дека можеби ќе има пресврт. Тимот од Автокоманда рутински си ја заврши работата, и дома заминува со три буда со кои останува лидер на табелата.
Кај домаќините, шест голови постигна Филип Николов, а по пет доадоа Димитар Ѓеоргиевски и Димитар Узунчев. Во гостинскиот тим, Арно Бино беше најпрецизен со 7 гола, а по шест дадоа Никола Костески и Мартин Серафимов.