На денешната ракометна програма во Македонија ќе има натпревари од Супер лигата, Женската лига и од прволигашката конкуренција кај мажите.
Со натпреварот меѓу Аеродром и Овче Поле ќе стартува новата сезона во Првата лига, во која најголем фаворит за директен пласман во елитата е Еурофарм Пелистер 2.
Во Супер лигата, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и вицепрвакот Вардар имаат лесни гостувања.
Интересно се очекува да биде на средбата во Прилеп меѓу истоимената екипа и Охрид, како и на натпреварот меѓу Бутел и Алкалоид.
Пролет во Струга ќе атакува на првата сезонска победа, откако во претходните две кола, против Прилеп и Тиквеш, одигра реми.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – КУМАНОВО (ЖЕНСКА ЛИГА)
14:00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ГЕВГЕЛИЈА (ЖЕНСКА ЛИГА)
14:00 ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (ЖЕНСКА ЛИГА)
14:00 СКОПЈЕ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 (ЖЕНСКА ЛИГА)
12:00 АЕРОДРОМ – ОВЧЕ ПОЛЕ (ПРВА ЛИГА)
17:00 СТРУГА – ПРОЛЕТ (СУПЕР ЛИГА)
18:00 БИСИНОВ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (СУПЕР ЛИГА)
18:00 БУТЕЛ – АЛКАЛОИД (СУПЕР ЛИГА)
18:00 ПРИЛЕП – ОХРИД (СУПЕР ЛИГА)
18:30 РАДОВИШ – ВАРДАР (СУПЕР ЛИГА)