Македонскиот првак Еурофарм Пелистер загуби вторпат во Лигата на шампионите, овојпат од Фуксе Берлин со 30-22.
Тренерот на битолчани, Бранко Ангеловски, вели дека натпреварот се „прекрши“ во финишот на првиот дел.
„Фуксе одигра одлично. Загубивме од подобар противник, тоа морам да го потенцирам, противник кој добро играше во сите 60 минути и го искористи нашиот пад, мислам дека во првиот дел се скрши натпреварот, кога од минимална негатива паднавме, промашен шут, една полуконтра и тука натпреварот доби друга димензија. Сметам и убеден сум дека премногу промашувавме зицери од шест метри, а тоа му даде свој тон на победата на ривалот. Но тоа е тоа, имаме уште многу за играње, радува тоа што добивме уште еден играч од нашата школа. Задоволен сум од прикажаното на нашите млади играчи и се надевам на уште подобри нивни игри од нив во иднина“, изјави Ангеловски.
Следен предизвик за Ангеловски и неговиот тим ќе биде гостувањето кај романскиот првак Динамо Букурешт.