Познати термините за европските натпревари на Чаир, Металург Автокоманда двапати гостин

Европската ракометна федерација ги објави термините за натпреварите од второто коло во Европскиот Куп.

Македонија ќе има два претставника во ова натпреварување, второ и третопласираниот тим од минатата сезона – Чаир и Металург Автокоманда.

Чаир ќе игра со тимот од Луксембург, Керженг, а првата средба е на гостински терен на 5 октомври од 18:00 часот во Башараж.

Реваншот се игра на 13 октомври во спортската сала во Автокоманда со почеток во 19:00 часот.

Металург Автокоманда ќе игра двапати на гостински терен кај турскиот Гореле. Првиот меч е на 5 октомври од 16:00 часот, додека вториот ќе се игра на 7 октомври од 17:00 часот.

Победниците од овие двомечи ќе се пласираат во третата рунда од Европскиот Куп.