Ракометниот сојуз на Србија во моментов е во потрага по нов селектор за машката репрезентација и во следниот период би требало да се знае новото име на клупата на „орлите“.
Според пишувањата на реномираниот „Спортски Журнал“, раководството на РСС е во преговори со тројца звучни имиња.
Еден од нив е поранешен селектор на Македонија и екс тренер на Вардар – Раул Гонзалез, кој со „црвено-црните“ во сезона 2016/27 ја освои титулата во Лигата на шампионите.
Гонзалез е активен само на клупско ниво, од летото, 2018, го предводи богатиот ПСЖ. Освен Гонзалез, преговори се водат и со тренерот на Келце, Талант Душебаев, како и со Швеѓанецот, Магнус Андерсон.
Пред извесен период како нов селектор се споменуваше името на поранешниот репрезентативец на Србија, Момир Илиќ.
Актуелен селектор на Србија е Борис Ројевиќ, тој со РСС има договор со 2026 година, но тој наскоро ќе биде раскинет, бидејќи под негово водство „орлите“ не обезбедија пласман на Мундијалот 2025.