Поранешниот шампион на Македонија, Вардар, веднаш најде замена за тренерот на голманите Александар Царчев, кој има нов клупски ангажман, откако се договори со Ѓорче Петров.
Раководството на „црвено-црните“ реши како замена за Царчев да ја ангажира младата Александра Кузмановска, која наскоро треба да се стекне со Мастер Коуч лиценца.
Кузмановска во својата тренерска кариера има работено и на интернационално ниво, во грчкиот суперлигаш ПАОК.
Вардарки одлично ја стартуваа новата сезона во Женската лига и на гостувањето во Прилеп кај Деспина забележаа убедлива победа од 33:21.