Поранешниот ракометар на македонскиот првак Еурофарм Пелистер, Јосип Божиќ Павлетиќ има нов клуб.
Тој потпиша договор на една сезона со францускиот Истр и ќе ги брани боите на оваа екипа до следното лето.
Божиќ-Павлетиќ мина една сезона во Битола, 2021/22, пред да замине во францускиот Трембле, каде одигра две сезони, а минатата беше прогласен за најдобро десно крило во Втората лига.
Претходно пет сезони играше за хрватскиот Нексе, потоа уште четири за Загреб, а имаше и кратка епизода во бундеслигашот Гепинген.