„Министерката за одбрана“ по дваесетина години се врати дома

Некогашната српска репрезентативка Катарина Томашевиќ во новата сезона ќе го брани голот на Бекамент Аранѓеловац.

„Министерката за одбрана“, некогаш најдобрата голманка во светот по повеќе од дваесетина години се врати во татковината.

Со ангажманот на Томашевиќ, Бекамент од екипа што важеше само за кандидат за плеј-оф, сега се претвора во екипа што може да се бори за титулата со Црвена Ѕвезда, Јагодина, Железничар Инџија…

„Се се случи спонтано, но вистинските работи се случуваат случајно, кога човек најмалку се надева“, изјави Томашевиќ за српските медиуми по потпишувањето на договорот.

40-Годишната Томашевиќ во богатата кариера бранеше за тимови како Хипо, Есбјерг, Бера Бера, Нант, Турингер, а најголем дел од кариерата мина во Унгарија, каде настапуваше за Ференцварош, Дунајварош, Сомбатељ.

Последната сезона ја мина во грчкиот ПАОК Солун, од каде што се враќа во татковината.