ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Старт на турнирите во Прилеп и Ѓорче, пелистерци со прв тест во Добој

Од денеска во Прилеп и Ѓорче Петров стартуваат меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ и „Ѓорче Куп“.

По шест екипи на двете локации ќе се борат за пласман во финалето.

Турнирот во Прилеп што се игра во чест на Миле Нешкоски, ќе стартува со положување на свежо цвеќе на споменикот на ракометарот што остави длабока трага во македонскиот ракомет.

Од 18:00 часот во спортската сала „Ристе Ристески Ричко“ ќе се одигра мечот меѓу Охрид и Куманово, додека од 20:00 часот на програмата е средбата меѓу домаќинот Прилеп и Еурофарм Пелистер 2.

„Ѓорче Куп“ ќе стартува со натпреварот од 19:00 часот во салата „Христо Батанџиев“ меѓу домаќинот Ѓорче Петров и Вардар.

Денеска првиот настап на турнирот во Добој ќе го има и македонскиот првак Еурофарм Пелистер, кој од 21:00 часот ќе игра против српскиот тим Црвена Ѕвезда.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:00 ОХРИД – КУМАНОВО (ТУРНИР МИЛЕ НЕШКОСКИ)
19:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ВАРДАР (ТУРНИР ЃОРЧЕ КУП)
20:00 ПРИЛЕП – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (ТУРНИР МИЛЕ НЕШКОСКИ)
21:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ЦРВЕНА ЅВЕЗДА (ТУРНИР ДОБОЈ)