Новиот систем по кој се играат кадетски и младинските Европски првенства, наиде на голем отпор кај сите – од играчи и тренери, до федерации и медиуми.
Покомплицирано не може да биде, а доказ за тоа е дека младинците на Македонија со само еден пораз на крајот на ЕП во Словенија завршија деветти, а не влегоа во главната рунда иако немаа пораз во групната фаза.
Кадетите се на ЕП во Црна Гора, тие загубија три пати и ќе разигруваат за опстанок, односно за пласман од 17 до 24 место.
Селекторот на Хрватска, Ненад Шоштариќ, има големи забелешки за системот на натпреварување. Неговата селекција ги победиј Грција и Словенија, а загуби само со еден гол од Србија и ќе игра са пласман од 9 до 16 место.
„Тој што го направил овој систем на натпреварување, најдобро е да го затворат и никогаш повеќе да не го видиме во ракометот. Таков систем по кој можеш веќе во првиот натпревар да испаднеш и тоа за само еден гол, според мене е безобразен и малоумен, а особено објаснувањето дека не се важни резултатите, туку развојот на играчите. Чекајте малку, дојдовме на ЕП!? Како не е важен резултатот? Федерациите, играчите, тренерите вложуваат години и години работа да дојдат овде. Да го отфрлиме тој дел, развој на играчи? Каков развој на играчи кога си направил систем секој гол да одлучува? Со тоа ги тераш тренерите постојано да играат со најдобрите играчи и да бркаат резултат, бидејќи се им зависи од еден гол. Не им даваш на младите да се развиваат. Контрадикција која нема врска со мозокот. Овој систем е непочитување на играчите и на спорот. Елементарен начин да развиваш играчи и да им дадеш и право на грешка. Никој не може да ме убеди дека ова се најдобрите осум екипи. Во кошарката има систем со 16 репрезентации, каде сите играат осминафинале, сите имаат шанси. Да имаме четири групи со по шест селекции, ќе играме четвртфинале и ќе дојдеме на ист број на натпревари. Би било 5000% почесно. Речиси 50 години сум во ракометот. Покомплициран и понеправеден систем немам видено. Бесмислено е веќе да се зборува“, изјави Шоштариќ за „Балкан Хендбол“.
Македонија сега е во група со Украина, Грција и Италија и мора да го освои првото или второто место за да биде сигурна на младинското ЕП 2026 година.