ДЕНЕСКА НА ОИ: Кој ќе биде златен – Германија или Данска?

По вчерашната распределба на медалите на женскиот Олимписки турнир, денеска на последниот ден од игрите ќе бидат на програмата и последните два меча од машкиот турнир.

Најпрво во 09:00 часот програмата ќе ја отворат Словенија и Шпанија во битката за бронзениот медал.

Двете селекции претрпеа порази од по еден гол разлика во полуфиналните средби и ќе биде тешко да се вратат психички, но и бронзениот медал треба да биде голема мотивација.

Во натпреварот за златниот медал ќе играат Германија и Данска, а дуелот ќе започне од 13:30 часот.

Oвој натпревар ќе биде запаметен и како последен во кариерата на легендарниот Микел Хансен, како и последен репрезентативен на Никлас Ландин.

ДЕНЕСКА НА ОИ:

09:00 ШПАНИЈА – СЛОВЕНИЈА
13:30 ГЕРМАНИЈА – ДАНСКА