Словенија загуби од Данска со 31-30 во драматично полуфинале на Олимписките игри, иако остана впечатокот дека чешките арбитри Хорачек и Новотни можеа да досудат пенал за стартот над Алекс Влах во последните секунди од мечот.
Но и по прегледувањето на снимката, нивната одлука не се промени и немаше време за Словенците да организираат нова акција, па победата остана за Данска и скандинавската репрезентација се пласираше во финалето.
Селекторот Урош Зорман го коментираше судењето.
„Да бидам најкраток, судењето во текот на целиот меч не беше на ниво на ОИ, а камоли на рангот на полуфинале на ова натпреварување. Сите ситници одеа на нивна страна. Жал ми е за момците, но факт е дека ракометот поради вакви работи никогаш нема да биде глобален спорт. Судиските критериуми и правила се премногу лабави, од стопирање на времето, фаули, пасивност…Но не би зборувал за тоа, бидејќи нема да откријам топла вода, ниту нешто ќе се промени. Се додека правилата се такви какви што се, нашиот спорт ќе биде таму каде што е и сега“, изјави Зорман за „Сиол“.
За Словенија останува уште битката за третото место против селекцијата на Шпанија во текот на утрешниот ден.