ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Митев се враќа за најважниот дуел на кадетите на ЕП

Европската ракометна федерација ги објави составите на Македонија и Полска за денешната пресметка на Европското првенство за кадети во Црна Гора.

Во составот на Македонија за овој натпревар се враќа левиот бек Дамјан Митев, кој го пропушти претходниот натпревар.

Надвор од комбинација остана бекот Христијан Ѓурмешевиќ, а останатите ракометари се истите што играа на претходните две средби.

Натпреварот меѓу Македонија и Полска се игра денеска во „Бемакс Арена“ со почеток во 14:30 часот.

Македонските кадети досега загубија од Германија и Франција, со победа над Полска сигурно ќе бидат трети, но тоа не гарантира дека ќе разигруваме за пласман од 9 до 16 место, па ќе треба да се сочекаат резултатите од другите средби и групи.