ДЕНЕСКА НА ОИ: Четвртфинални битки кај дамите, Германија на мегдан на Франција

Денеска на програмата ќе бидат актуелни четвртфиналните натпревари од женскиот Олимписки турнир.

Со мечот меѓу Данска и Холандија ќе биде отворена програмата, а ќе заврши со дуелот на кој Норвешка е голем фаворит против Бразил.

Франција по пет од пет во групната фаза, треба да е фаворит против Германките, но тие имаа партии од „очај до сјај“, па се очекуваат возбудувања на овој дуел.

Најинтересно би требало да биде на натпреварот меѓу Шведска и Унгарија, на кој сепак скандинавската селекција има мала фаворитска улога.

ДЕНЕСКА НА ОИ:

09:30 ДАНСКА – ХОЛАНДИЈА
13:30 ФРАНЦИЈА – ГЕРМАНИЈА
17:30 УНГАРИЈА – ШВЕДСКА
21:30 НОРВЕШКА – БРАЗИЛ