Женската репрезентација на Шведска се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри по триумфот над Кореја со 27-21.
Победникот беше најавен уште по првиот дел, кога избраничките на Томас Акснер имаа водство од пет гола, 16-11.
Второто полувреме беше само рутинско одработување на задачата и чекор напред кон четвртфиналето на во Париз.
Најдобар стрелец во шведската селекција беше Линквист со пет погодоци, додека кај Кореја се истакна Канг со исто толку.
На табелата Шведска е прва со шест бода, Данска и Норвешка имаат по четири, но и меч помалку, а Германија, Кореја и Словенија имаат по два.