Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар од групата И во разигрувањето за пласман на Европското првенство во Словенија.
Противник на избраниците на Раде Стојановиќ ќе биде фаворизираната Франција во битката за првото место во групата.
Стојановиќ се реши за истите 16 ракометари што играа досега на сите пет меча, а надвор од комбинација остана левиот бек Тодор Узунчев.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција се игра денеска во салата „Головец“ во Целје со почеток од 12:00 часот.
Судии ќе бидат Ивановиќ и Вујисиќ од Црна Гора, додека делегати се Пожежник од Словенија и Фернандез од Шпанија.