Потреси во српскиот ракомет – претседателката на РСС поднесе оставка!

Претседателка на Ракометниот Сојуз на Србија, Милена Делиќ, поднесе оставка на функцијата, беше објавено на официјалниот сајт на РСС.

На вчерашната седница на Управниот Одбор, на која требало да се изберат двајца нови членови, Делиќ ја соопштила својата одлука.

Таа дојде на функцијата во 2020 година, а во 2021 доби нов мандат од четири години, кој сепак нема да го одработи до крај.

Во нејзиното владеење со српскиот ракомет, селекторите не се менуваа како на филмска лента. Тони Херона беше три и пол години предводник на мажите, пред да го наследи Борис Ројевиќ, додека Урош Брегар веќе четврта година ја води женската репрезентација.

Најголем успех во ерата на Делиќ е бронзата на машкото младинско ЕП 2022 во Португалија, како и четвртото место на машкото младинско СП 2023 година.