Нов предизвик за македонските младинци на Европското првенство во Словенија ќе биде селекцијата на Романија.
Селекторот Раде Стојановиќ реши да не менува во составот на Македонија, па ќе играат истите 16 ракометари од претходните дуели.
Натпреварот меѓу Македонија и Романија ќе се игра во салата „Три Лилије“ во Лашко со почеток во 12:00 часот.
Судии на овој дуел ќе бидат Украинците Лошак и Новиков, додека делегати ќе бидат Несер од Луксембург и Ерман Волф од Германија.