Полскиот првак Висла Плоцк, откако по долго време го симна Келце од престолот, посакува да остане на врвот и понатаму.
За таа цел тимот направи одлична кампања и обезбеди големи засилувања, а последно во низата е десниот бек на европскиот првак, Мелвин Ричардсон.
Францускиот репрезентативец е член на Барселона од 2021 година, но најчесто беше во сенка на Дика Мем, иако на последниот Ф4 во ЛШ беше прогласен за МВП.
Ричардсон потпиша договор на три сезони со Висла Плоцк и ќе стапи на сила од следното лето, 2025 година, кога ќе им се придружи на Томаш Пирох и Марко Паниќ.
Ривалот на Еурофарм Пелистер претходно се засили со словенечкото трио – Петер Шишко, Митја Јанц и Тим Цокан, голманот Виктор Гисли Халгримсон, но и Торнбјорн Бергеруд, кој исто како и Ричардсон доаѓа идното лето.