Беше МВП на шампионатот во Скопје, сега ќе игра на Олимписките игри

Селекторот на Холандија, Пер Јохансон, го објави списокот на ракометарки што ќе играат на Олимписките игри во Париз.

Изненадување за холандската јавност беше вклучувањето во составот на левиот бек Катарина Ким Моленар, која има 22 години и ја истисна од ростерот Ингер Смитс.

Моленар беше најдобар лев бек, најдобар стрелец и МВП на ЕХФ шампионатот за младинки што се одржа во 2021 година во Скопје, кој го освои Холандија.

Резерви се Натали Хендриксе од Турингер, како и Јудит Ван Дер Хелм и Бјанка Шансема, кои настапија на младинското СП 2024 во Скопје и ја освоија бронзата.

Холанѓанките имаат солиден ростер и тука се Абинг, Дујиндам, Малештајн, Ван Дер Хејден, Полман…

Тие се најдоа во група со Бразил, Ангола, Франција, Унгарија и Шпанија.