Тимот на Вардар продолжува да го засилува ростерот за новата натпреварувачка сезона. Нови имиња во Вардар се Ивана Трифуноска и Елена Балоска кои доаѓаат од екипата на Стружанка.
Трифуноска игра на позицијата десен бек, додека Балоска е среден бек. Балоска беше прогласена за најдобар стрелец и најкорисен играч на Ф4 турнирот во пионерска конкуренција минатата сезона. Со двете ракометарки е потпишан договор на две години.
Исто така, е потпишан нов договор со Мила Ристовска на две години, ракометарка која беше дел од Вардар и минатата сезона.
Претходно Вардар ги продолжи договорите со Симона Василева и Андреа Илиќ, како и со четирите младински репрезентативки – Леона Миленкоска, Вероника Ѓорѓиевска, Нина Попова и Бојана Радевска. Останаа и Михаела Велјаноска, Нина Милевска, Дафина Соколовска, како и сестрите Ива и Ивона Кимовски.
Од „црвено-црниот“ тим си заминаа сестрите Бојана и Борјана Коцеви, кои го засилија градскиот ривал Металург Автокоманда, како и капитенот Ивона Трпевска, а нови ракометарки се Нина Неделковска, Марија Голабоска, Јасмина Попова и Сара Богојеска.