Младост Богданци се засили со кружен напаѓач

Прволигашот со суперлигашки амбиции, Младост Богданци, го ангажираше и вториот ракометар пред стартот на новата сезона.

По средниот бек Ѓорѓи Орешков од Вардар Неготино, во Богданци доаѓа и кружниот напаѓач Андреј Шулевски.

Битолчанецот, кој настапува на пивотменската позиција и има 19 години, а висок е 200 цм, беше дел од младинскиот состав на Еурофарм Пелистер.

Младост Богданци претходно ја продолжи соработката со голманот Панов и посакува оваа сезона да се избори за камбек во елитната конкуренција.