Комплетирана листата на учесници на Европскиот Олимписки Фестивал во Скопје

Откако заврши Отвореното Европско првенство за ракометарки до 16 години, неофицијално натпреварување кое го организираат ЕХФ и шведската федерација во рамките на Партиле Купот, познати се учесниците на женскиот турнир на Европскиот Младински Олимписки Фестивал во Скопје.

Наредното лето Скопје, од 2 до 12 јули, ќе биде домаќин на многу млади спортисти од целиот свет, а меѓу нив ќе бидат и ракометарки до 16 години и ракометари до 17 години.

Во овие две категории нема официјални натпреварувања под капата на ЕХФ и ИХФ, па квалификациски за ЕМОФ се Отворените првенства.

Во женска конкуренција покрај Македонија, на ЕМОФ следната година во Скопје ќе играат уште седумте селекции што беа пласирани до седмо место на Отвореното првенство во Шведска.

Тоа се шампионот Швајцарија, која славеше над Германија со 34-31 во финалето, како и Унгарија, Франција, Шведска, Шпанија и Норвешка.