Maкедонија победнички оди на ЕП – втор триумф над Словачка!

По вчерашниот триумф со 29-17, машката младинска репрезентација на Македонија забележа втора победа над Словачка во пријателски натпревар.

Избраниците на Раде Стојановиќ славеа со 30-25 на вториот натпревар, откако и на полувремето имаа предност од пет гола, 19-14.

Претходно Македонија ја победи и селекцијата на Грција во два наврати и со четири победи оди на Европското првенство.

На континетналниот собир во Целје што стартува на 10 јули, Македонија ќе игра против селекциите на Црна Гора, Австрија и Хрватска.