Машката младинска репрезентација на Македонија убедливо славеше на првиот тест со Словачка со 29-16.
Иако на полувреме беше нерешено, 9-9, избраниците на Раде Стојановиќ во вториот дел комплетно го надиграа ривалот.
Двете репрезентации во текот на утрешниот ден од 15:00 часот ќе одиграат уште еден пријателски натпревар.
Овие средби се дел од подготовките за младинското ЕП во Словенија што стартува на 10 јули, а Македонија за ривали во групата ги има Црна Гора, Австрија и Хрватска.