Организаторот на традиционалниот турнир во Добој покрај групите, го објавија и распоредот на натпреварите.
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе го стартува настапот во Добој на 29 август од 19:10 часот против Црвена Ѕвезда.
На 30 август од 21:00 часот, пелистерци ќе го играат дуелот со унгарската Татабања, додека на 31 август од 17:20 часот е последната средба од групата со хрватскиот Загреб.
Во зависност од пласманот во групата, на 1 септември ќе се одиграат дуелот за третото место и финалниот натпревар.
Овие четири меча во Добој ќе бидат главните тестови за македонскиот првак пред стартот на дуелите од Лигата на шампионите, бидејќи 1 коло од елитната конкуренција ќе се игра на 11/12 септември.
Еурофарм Пелистер ги дозна ривалите во групата на тунирот во Добoj