Еурофарм Пелистер ги дозна ривалите во групата на тунирот во Добoj

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и ова лето ќе биде дел од традиционалниот турнир во Добоj.

Toj ќе се одржи од 28 август до 1 септември, а организаторот ги наjaви екипите учесници и двете групи.

Битолчани се најдоа во групата А, во која уште се и српската Црвена Звезда, унгарската Татабања и хрватскиот Загреб.

Во групата Б се унгарскиот Веспрем, домашната Слога Добоj, турскиот Бешикташ и египетскиот Ал Ахли.

Пелистерци покраj во Добоj, oва лето ке настапат и на турнирот во Струга.