На завршувањето на сезонава левиот бек Дејан Пецаковски одлучи да стави крај на играчката кариера, а тоа го стори како играч на скопскиот суперлигаш Пролет.
Пецаковски вели дека да се биде дел од овој колектив било најубаво искуство, како за крај.
„Од короната наваму сум дел од Пролет и како за крај навистина убаво искуство. Тоа е еден стабилен клуб, кој функционира долги години, константен е и финансиски и играчки, што е реткост во Македонија. Во една таква средина има неверојатен склоп на луѓе, одлична екипа, одлична дружба. Нема кланови, нож во грб, едноставно функционираме како семејство. Другари и на теренот и надвор од него, тешко дека ќе се најде таква друга екипа. Среќен сум што во таква средина ставив крај на играчката кариера и што ми дадоа можност да останам во клубот и на друг начин да помогнам и да дадам придонес.“
Викенд – интервјуто со бекот прочитајте го подолу…