„Од ’откажан’ од ракомет стигнав до ЕП“

Повредите се главната причина поради која Дејан Пецаковски нема да може да конкурира и да биде константен во А националниот тим.

Многупати беше на поширок список, но ќе остане запаметен неговиот настап на Европското првенство во 2014 во Данска.

„Настапот на СП 2007 во Охрид беше последно за мене како младинец и токму кога требаше да влезам во А тимот јас се повредив. Имав многу турбуленции во кариерата поради тоа и не бев константен, па најчесто бев само на поширок список без реална шанса за настап. Се до доаѓањето на Ивица Обрван за селектор на Македонија. Во тој период играв за Металург и тој ме зема на Европското првенство во Данска во 2014 година што ми е единствен настап на големо натпреварување во сениорска конкуренција. Паметам без прогласен за играч на натпреварот против Унгарија и тоа ми остана како сатисфакција и убав спомен од тие репрезентативни денови.“

Во продолжение прочитајте го целосното интервју со Пецаковски…

ИНТЕРВЈУ ДЕЈАН ПЕЦАКОВСКИ: Повредите ми ја обележаа кариерата, никогаш не дознав кој ми е максимумот!