Откако пред стартот на новата сезона остана без главниот спонзор, уште еден нов проблем за црногорскиот првак Будуќност.
Според пишувањата на рускиот портал „Брз Центар“, Будуќност останува и без тренерот Бојана Поповиќ, која седи на клупата од 2020 година.
Турбуленциите во Будуќност станаа поголеми и по пресудата на ЕХФ да и бидат исплатени сите заостанати долгови на Милена Раичевиќ, која го доби спорот со клубот.
Ако не го стори тоа на Будуќност му се заканува суспензија од Европа, а сега на тоа се надоврзува и заминувањето на Поповиќ.