Европскиот првак Барселона за следната сезона ќе го има на располагање речиси истиот состав од изминатата сезона, во која ја освои титулата на Ф4 турнирот во Келн.
Како што е познато, во тимот на Антонио Карлос Ортега ново име ќе биде левиот бек Хуан Паломино, кој е повратник во каталонскиот гигант.
Левиот бек во Барселона ќе пристигне од Ла Риоха, со овој тим двапати играше во Лигата на Европа.
Доколку не се случи некој неочекуван трансфер, тогаш Барселона како засилување ќе го има единствено Хуан Паломино.
По завршувањето на сезоната од клубот си замина Ханиел Лангаро, бразилскиот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во Динамо Букурешт.
Барселона во новата сезона од Лигата на шампионите ќе игра во група со екипите на Алборг, Магдебург, Келце, ПИК Сегед, Нант, Загреб и Колстад.