Репрезентацијата на Франција со победата над Данска од 32:26 си обезбеди пласман во финалето на Светското младинско првенство во Македонија.
Франција во финалето ќе се соочи со репрезентацијата на Унгарија, која во полуфиналето ја надигра Холандија, триумфираше со 28:24.
За бронзата ќе се борат Данска и Холандија, за петтото место ќе играат Шведска и изненадувањето Португалија, додека за 7. позиција Швајцарија оди на мегдан со Исланд.
Последниот ден од младинскиот Мундијал е в недела, натпреварот за 3 место е од 14:45 часот, а финалето во 17:30 часот.