По крајот на сезоната во која опстанокот беше обезбеден со второто место во суперлигашкиот плеј-аут, раководството на Куманово работи активно на играчкиот кадар.
Најново име во ростерот на Љубиша Димковски е младиот Благој Христовски, кој доаѓа од младинскиот погон на Еурофарм Пелистер и настапува на левата бековска позиција. Тој беше втор стрелец во младинската лига и постигна 193 погодоци.
Претходно раководството на Куманово се раздели со двајца од странците, Милош Благојевиќ и Михајло Стевовиќ.
Од Куманово замина и кружниот напаѓач Стефан Атанасовски, како и најдобриот стрелец Наум Костов, а преговорите за продолжување на соработката со Алекса Радичевиќ и Огњен Радојичиќ се уште се во тек.
Куманово го договори младиот пивот Цековски, доаѓа младинскиот репрезентативец Давид Димевски, како и десното крило Дамјан Јакимовски, кој минатата сезона беше дел од Скопје.
За Куманово потпиша и ракометарот од Бразил, Каио Винициус Де Соуза Мораис, а соработката со клубот ја продолжија кружниот напаѓач Дарио Симоноски и искусниот Грузиец, Уча Гамзардија.