Астибо со ново засилување – потпиша Стефанија Павловска

Тимот на Астибо, со цел да биде подобро рангиран во новата сезона, односно да биде повеќе поконкурентен, донесе нова ракометарка во своите редови.

Во клубот од Штип пристигнува довчерашната членка на Овче Поле СУ, Стефанија Павловска, која настапува на позицијата десно крило.

Претходно Астибо се засили со три ракометарки, кои исто така доаѓаат од тимот од Свети Николе, една од нив е кадетската репрезентативка Анастасија Сентовска.

Во Астибо останува и најдобриот стрелец во Женската лига, Марија Анчева, па стратегот Дејан Величков, ќе има повеќе опции на располагање.

Астибо во изминатата сезона заврши на 12. позиција со 12 освоени бодови на 26 одиграни натпревари.

 

Астибо ја донесе кадетската репрезентативка Сентовска

 

Астибо на шопинг во Свети Николе – ги донесе Манева и Вучевска