Младинките на Македонија денеска ќе го стартуваат настапот во главната фаза на Светското првенство во Скопје.
Македонија пласманот во ТОП 16 на младинскиот Мундијал го обезбеди со победите над САД и Ангола во групната фаза.
Прв ривал на Македонија во борбата за четвртфинале ќе биде репрезентацијата на Португалија, која пренесе два бода.
Македонија борбата за четвртфинале ја стартува без бодови, но со евентуална победа над Португалија, избраничките на Јанев ќе бидат во игра за место меѓу најдобрите осум репрезентации во светот.
Денешниот дуел со Португалија е закажан за 16:15 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Влезот за сите љубители е слободен.
На денешната програма од Светското првенство за младинки ќе има уште седум натпревари.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
11:45 ЧЕШКА – СРБИЈА
11:45 ГВИНЕЈА – САД
14:00 АНГОЛА – УЗБЕКИСТАН
14:00 ШПАНИЈА – АЛЖИР
16:15 ПОРТУГАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА
16:15 ШВЕДСКА – ГЕРМАНИЈА
18:30 ФРАНЦИЈА – КИНА
18:30 ИСЛАНД – ЦРНА ГОРА