Репрезентативката на Македонија, Ангела Јанкуловска, во новата сезона ќе го има првиот интернационален предизвик во својата кариера.
Битолчанката одлучи своите квалитети да ги презентира во странство и потпиша договор со чешкиот суперлигаш Славија од Прага.
Станува збор за екипа која што во штотуку изминатата сезона заврши на 4. позиција во плеј-оф фазата од најквалитетното натпреварување на Чешка.
Битолчанката во изминатите три сезони настапуваше за Ѓорче Петров, претходно беше дел од екипите на Куманово и матичниот Пелистер.
Јанкуловска со тимот на Ѓорче Петров освои три домашни титули, како и една Куп титула, додека со Куманово се радуваше на две титули во националниот шампионат и на едно злато во Куп натпреварувањето на Македонија.