Олимпијакос на Бабиќ е новиот грчки шампион

Амбициозниот тим на Олимпијакос е новиот шампион на Грција, откако на решавачкиот меч од финалната серија славеше над АЕК Атина со четири гола разлика, 33:29 (15:16).

Составот предводен од екс тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, клучната разлика, вредна титула, ја направи во периодот од 50 до 55 минута.

Откако АЕК Атина во финишот намали на 26:25, следуваше супериорна серија на Олимпиајкос од 5:0 за 31:25 и веќе во тој момент завршија сите надежи за довчерашниот првак.

За Олимпијакос ова е прв трофеј во оваа сезона, претходно ланскиот учесник на турнирот во Охрид играше финале во Европскиот Куп и настапот во третото по ранг европско натпреварување го заврши со сребро.

Олимпијакос последен пат на домашна титула се радуваше во сезоната 2021/22, а денешната освоена е четврта во клупската историја на новиот грчки шампион.