По ангажирањето на голманката Ема Кирова од Ѓорче Петров, тимот на Пелистер во следната сезона ќе биде посилен и со Јована Конева.
Новата ракометарка во битолскиот клуб пристигнува од Овче Поле СУ, клуб во кој настапуваше од почетокот на нејзината кариера.
Станува збор за ракометарка која може да одигра на сите бековски позиции, па така тренерот Котевски со нејзиното доаѓање ќе има повеќе опции.
Во штотуку изминатата сезона Конева беше меѓу најдобрите седум стрелци во Женската лига, сезоната ја заврши со 170 постигнати погодоци.
Од таборот на Пелистер најавија уште неколку засилувања, со цел клубот да биде подобро рангиран во следната сезона.