Шпанскиот стратег Давид Дејвис во следните две сезони ќе го води романскиот првак Динамо Букурешт.
Дејвис последните две сезони го водеше египетскиот Ал Ахли и доаѓа на местото на Чави Пасквал, кој се сели во Веспрем.
47-годишниот стратег работеше во два наврати во машкиот тим на Вардар, а беше дел и од стручниот штаб на женскиот тим.
Дејвис покрај македонските предизвици, седеше на клупата на Веспрем, а заедно со Едуард Кокшаров беше дел и од тренерите во руската репрезентација.
Динамо Букурешт скоро сигурно ќе добие вајлд-карта за новата сезона во Лигата на шампионите, откако лани стигна до Ф4 во Лигата на Европа.