Женската младинска репрезентација на Македонија денеска започнува со тестовите пред настапот на младинскиот Мундијал, кој во периодот од 19 до 30 јуни ќе се одржи во Скопје. Претходно, македонската репрезентација имаше базични подготовки во Маврово.
Избраничките на селекторот Дарко Јанев ќе бидат дел од голем пријателски турнир во Скопје, а на истиот ќе учествуваат осум репрезентации. Покрај Македонија, ќе играат уште репрезентациите на Романија, Исланд, Велика Британија, Кина, Бразил, Чиле и Ангола.
Македонија денеска со почеток од 16:00 часот силите ќе ги одмери со Бразил, на 15 јуни ќе игра против Кина од 19:00 часот, а последниот ден ќе одигра и меч за пласман. Сите натпревари, кои ќе бидат одиграни во спортската сала „Автокоманда“ ќе бидат од затворен тим.
Младинките на Македонија на Светското првенство ќе играат во група заедно со репрезентациите на Исланд, САД и Ангола. Првопласираната и второпласираната репрезентација од секоја група ќе обезбеди пласман во главната фаза.