Португалскиот тим Порто објави дека разделува од тренерот на тимот Карлос Резенде, кој дојде минатото лето.
Рекордерот по бројот на натпревари одиграни за Португалија (250), го смени на клупата Магнус Андерсон, но не освои ниту еден трофеј сезоната.
Порто не успеа да се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите, беше втор во првенството и финалист на Купот на Португалија.
Најверојатно шведскиот стручњак Андерсон ќе се врати во Порто, кој покрај Резенде, остана и без Никола Митревски, Игнасио Плаза, Николај Лесо, Антонио Ареја…