Екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, Елмир Граџан, ќе остане активен на терените и во новата сезона.
Искусниот ракометар, кој најголемиот дел од својата кариера ја мина токму во битолскиот тим, ја продолжи соработката со матичниот Горажде.
Граџан откако си замина од Битола реши да направи трансфер во Грција, таму една сезона беше дел од Олимпијакос.
По авантурата во Грција, кружниот напаѓач се врати во својата татковина, односно во својот матичен клуб.
Горажде натпреварувачката сезона во босанскиот шампионат ја заврши на 11. позиција и го сочува суперлигашкиот статус.