Турскиот шампион Бешикташ ќе влезе со големи амбиции следната натпреварувачка сезона и во меѓународни рамки.
Откако го договори трансферот на Седрик Сорендо среде минатата сезона, веќе промовира уште пет нови имиња.
Најзвучно е шпанскиот десен бек Едуардо Гурбиндо, кој доаѓа од бундеслигашот Кил и одново ќе игра заедно со Сорендо по Динамо Букурешт.
Потпиша и хрватскиот голман Матеј Ашанин, кој последните сезони ги мина во романскиот ЧСМ Букурешт.
Покрај нив, Бешикташ го ангажира и левото крило од Сакарија, Огулчан Гунеј, египетскиот пивот од Замалек, Калед Валид, како и турскиот кружен напаѓач од Бејкоз, Алпер Ајдин.
Од турскиот првак заминаа десниот бек Михајло Радојковиќ, средниот бек Никола Арсениќ, алжирскиот пивот Хишем Кабеше, како и тројца од турските ракометари.